Полицијата интервенирала утрово пред зградата на Министерството за здравство, откако од Одделот за обезбедување било пријавено дека машко лице седи на скалите.
Од Секторот за внатрешни работи за „Република“ потрврдуваат дека утрово околу 07.15 била испратена служба од страна на полициската станица Центар.
Констатирано е дека се работи за лицето А. А. (33), кое кај себе немало оружје. Лицето се состанало со Министерот за здравство пред влезот на министерството, разговарале и потоа си заминало, информираат од СВР Скопје за „Република“.
-Рече дека не го примале во болници, па бараше помош. Не дојде до никаков напад, обезбедувањето се вознемирило и повикало полиција превентивно. Граѓанинот дојде со документи и бараше помош за здравствена состојба. Јас го примив, поразговаравме, го упатив каде да оди, си имаше мака, му дадов телефон да ме бара и подоцна да видиме што ќе направи во болница, изјавил Филипче за слободен печат.