Група засега непознати разбојници изминатиот викенд со багер украле банкомат во италијанскиот град Валверде.
Акцијата чија врева го разбудила речиси целото маало се одвивала пред поштата во Виа Винченцо Белини, а кога успеале да ја откопаат направата, разбојниците тргнале со украдено возило.
Грабежот траел неколку минути, еден од соседите снимил околу 150 секунди од акцијата, а според информациите со кои располага полицијата, во грабежот учествувале вкупно пет лица.
Количината на пленот моментално е непозната, а тим од експерти моментално го анализира видеото со надеж дека ќе го откријат идентитетот на барем еден од мажите.
Интересно е тоа што багерите се популарна „помош“ кога се крадат банкомати во областа Катанија.
Разбојниците во минатото неколку пати го користеле овој трик, а историјата памети и случаи кога полицијата навреме пристигнала на местото на грабежот.