Една дод најдобрите светски тенисерки, Русинката Марија Шарапова ја завршува кариерата на 32 години. Марија во текст објавен во „Vanity Fair“ емотивно се збогуваше со тенисот. Под наслов “Тенис, збогум“ Шарапова напиша:
„Како да го оставиш зад себе единствениот живот кој го знаеш? Како да ги напуштам терените на кои тренирав уште од малечко девоје и играта која ја сакам и кој ми донесе многу солзи и неверојатна радост, спортот во кој пронајдов семејство и од неверојатните навивачи кои беа со мене 28 години“.
Инаку, голема дамка во кариерата на Шарапова беше позитивниот допинг тест во 2016 година од Австралија опен по кој беше суспендирана 15 месеци. Потоа се врати на тенисот, но имаше и проблеми со повреди, особено со грбот.
Последната грен-слем титула на Шарапова е од Ролан Гарос од 2014 година, претходно во Париз славеше и во 2012 година, а ги има титулите и од Австралија опен од 2008, од Вимблдон од 2004 година и од УС Опен од 2006 година.