ДОСТА Е, ВО ЈУНИ ОДАМ ВО ПЕНЗИЈА: Горан Пандев ја игра последната сезона во својата фудбалска кариера

by Тони Зографски

Горан Пандев во интервју за Кориере дело Спорт откри дека ја игра последната сезона во неговата кариера и дека во јуни идната година ќе стави крај на кариерата.

– Дефинитивно ова е мојата последна сезона. Во јуни одам во пензија. Продолжив уште една година поради луѓето, а ќе ми беше жал да ставев крај на кариерата пред празни трибини. Навивачите на Џенова секогаш ме поддржуваа и заслужуваат да им кажам благодарам, исто како што треба да му се заблагодарам и на поранешниот клупски претседател Прециози кој ме убеди да останам – рекол Пандев.

На прашањето дали можеби размислува да се впуши во тренерските води, легендарниот фудбалер одговорил дека нема такви амбиции.

– Не сум размислувал за иднината, но мислам дека нема да бидам тренер – истакнал Пандев.

Инаку, напаѓачот на Џенова и минатото лето размислуваше за пензија откако стави крај на репрезентативната кариера, но реши да одигра уште една сезона.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com