-Вакцини нема и уште долго масовна вакцинација ќе нема, а вирусот станува се позаразен, повеќе не разликува млад од стар. Колку тој станува поопасен, толку сме ние понеодговорни – вели д-р. Нико Беќаровски за „Студио 10“.
-Најверојатно 30 години се создаваше мит дека ЕУ е совршено тело и дека се совршено фунцкионира. Премногу верба имавме во мехнаизмо, и по којзнае кој пат излеговме по кратки ракави. Морам да потенцирам дека не постои дел на светот каде има поголема антиваксерска акција од Балканот. Овде има луѓе кои мислат дека не трујат и прскаат против светата македонска земја. Не знам што треба да се случи за да ја разберат сериозноста на ситуацијата.
Во однос на вакцините, најбрз имунитет создава Фајзер, додека кај другите треба повеќе време.
„Ние веќе требаше да почнеме со масовна вакцинација, за барем да видиме дел од сонцето ова лето. Науката докажа дека сите вакцини се добри. Не знам зошто Спутник V е подобра од Астразенека“, истакна Беќаровски кој веќе се вакцинираше.
– Кај 15-тиот ден дел од медицинските лица веќе имаа антитела. Кај мене се појавија на 4-тиот ден. Создавањето на антитела значи дека сте создале и мемориски имунитет. Нема лекар кај нас кој се вакцинирал, а не развил имунитет“, вели д-р Беќаровски и додаде дека иако е вакциниран, се уште постои можност да ја пренесе болеста, па затоа нема да ја фрли маската затоа што тоа би било себично од негова страна.