Војводата и војвотката од Сасекс на нивниот официјален Инстаграм-профил, објавија досега невидени фотографии од малиот Арчи, а по повод 71-от роденден на неговиот дедо, принцот Чарлс. Станува збор за фотографија од крштевката на малиот Арчи, а на која Хери го држи синот во рака, додека принцот Чарлс стои покрај нив.
Чарлс Филип Артур Џорџ, принцот од Велс, принцот од Шкотска, војводата од Корнвел, војводата од Ротесеј, грофот од Карик, баронот од Ренфре, грофот од Честер и лодот од Острв, роден е во Бакингемската палата на 14-ти ноември 1948 година. Имал само 4 години кога починал неговиот дедо Џорџ Шести, а мајка му го наследила тронот. . За принц од Велс службено бил прогласен на свеченост во 1969 година. Мајка му е со одлично здравје и не планира да абдицира, па Чарлс се уште чека. Неговите критичари, па дури и некои монархисти кои мислат дека Чарлс е лош пример на куќата Виндзор, велат дека и подобро што е така.
https://www.instagram.com/p/B41zRstlfEY/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/B41x28pFlWc/?utm_source=ig_web_button_share_sheet