Актерот Сашо Тасевски искоментира на Фејсбук откако во јавноста се појави информација дека еден ден лекување во приватно здравство за болни од ковид-19 чини 2.300 евра.
“Еве до каде стигнавме како луѓе и какво е приватното здравство, откако го уништија јавното за кое плаќаме цел живот, дури и нашите дедовци за кое плаќаа.
Тешко болен од ковид кој има пари, оди во клиниката кај античкиот крал. Ден недела. Му бараат да плати однапред. Им вика недела е немам толку кеш дома, утре ќе и платам, еве овој е брат ми ќе ви донесе. Не го хоспитализирале. Донесете пари, па после, не смееме вака.
Болниов отишол дома, он ми раскажа за случајов, си рекол: А бе ако треба дома ќе умрам, денар не им давам.
Така и го прележал. Дома, со пријатели лекари на повик, со кислород, нега, терапија. Еве тој имал век и пари да си го дозволи тоа.
Што правиме со останатите кои немаме средства?
Излишно е веќе сето ова да го коментираме. Ваква раскантана држава со толку раскантан систем, не постои во Европа, сигурно.
Ти несреќо, какво едно општество за сите градиш, кога едни меѓу кои си и ти, имаат се, а други немаат ништо,“ коментира“, Тасевски.