Донесена е одлука од страна на Владата од утре од 22 до 05 часот стапува на сила полициски час. Ваквата одлука ќе трае во следните две недели, по што ќе се разгледува повторно и анализира епидемиолошката состојба.
Полицискиот час нема да се однесува и на лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, на лицата во животно-загрозувачка состојба и лицата кои одат на дијализа.
Ако поради итноста на здравстената состојба возилото биде запрено од полициска придружба, дополнително ќе се евидентира и провери оправданоста на излегувањето и превозот до здравстевната инстуиција преку приложување на медициснката документација по завршување на медицинскиот преглед.