Српската водителка Маја Жежељ пред девет години колобирала на работното место, и поради тешкиот облик на сепска дури два месеци била во кома. По толку години таа проговори за проблемот што и се случил.
-Живеев најнормално. Таа вечер бев на работа и наеднаш почнав да се тресам, по што добив температура. Пред тоа, бев сосема здрава – вели водителката и додава:
-Ми донесоа жешка вода да ме загреат, бидејќи се тресев. Не колабирав, ги завршив вестите и отидов дома. Во текот на ноќта добив температура и утредента отидов во Ургентен центар. Веднаш се свика конзилиум и терапијата се менуваше речиси од минута во минута.
Борбата траела два месеци.
-Лекарите се бореа за мојот живот, бев во состојба во која не знаев што се случува. Моите дома почнаа да се подготвуваат за најлошото.
По два месеци водителката се изборила со тешката болест.
– Најверојатно инфекцијата ја добив од гребнатинка од мачката. Добив пнеумонија, односно, стрептокока пнеумонија која се наоѓа ви посокот во кој мачката врши нужда.