Граничните служби на Хрватска вчера се пофалија со несекојдневна „заплена“ во камион управуван од Македонец.
Како што пренесува „Јутарњи“, кај Македонецот биле пронајдени домашна ракија, поголемо количество цигари и повеќе килограми свежо сирење кои завршија на големата маса на хрватските цариници на граничниот премин Батина.
Имено, цариниците откриле 64,5 литри домашна ракија под спојлерот во кабината на камионот, како и 7,75 килограми свежо сирење.
При понатамошниот преглед на возилото, утврдено е дека тој се обидел да внесе и 4370 цигари „Вест сребрен“ и 2850 цигари „Родео Сино“ кои биле пронајдени скриени во браниците, но и во кабината на возачот и во багажникот.
Возачот е пријавен до Општинското државно правобранителство во Осијек, а ќе плати над 6.000 куни на име данок на тутун и алкохол .