Познатата пејачка Беби Дол има финансиски проблеми и се храни во Народната кујна. Оваа приказна подоцна ја потврдиле и нејзините соседи, а како што сега пишува „Курир“, штом починала нејзината тетка, Беби Дол продала скапоцености од нејзиниот стан, меѓу кои и многу накит.
Се зборува дека таа побарала заем од 300 евра, кој го добила, но договорот бил каматата да биде 20 отсто месечно, а рокот на отплата 90 дена. Блиски луѓе на пејачката за споменатите медиуми изјавиле дека таа не се појавила во заложницата во договорениот рок, а вредните предмети кои се проценети на околу 3.000 евра автоматски отишле кај нив, а подоцна ги продавале по многу пониски цени.
Познаници и пријатели на пејачката рекле дека долго време не се слушнале со неа, а според информациите на „Курир“ таа наводно го сменила бројот за да не може никој да и се јави, бидејќи била во долгови со многу луѓе.