Оливера Ѓоргоска веќе подолго време живее и работи во САД, а имајќи предвид дека најголемата музичка индустрија е токму таму, шансите да се запознае и соработува со некои од најпознатите музички имиња на светот се мошне големи. Таа пред некоја година сподели фотографија со Скутер Браун, менаџерот на Џастин Бибер и Аријана Гранде, а се запозна и со една од најголемите ѕвезди во подем – Бебе Реџа. Но, се чини дека сето тоа падна во сенка откако талентираната прилепчанка се сретна со еден од своите најголеми идоли – канадската дива Селин Дион!
„Не можам да го опишам чувството кога ќе го сретнеш својот идол. Тоа е остварување на соништата. Јас буквално пораснав со нејзините песни и почнав да пеам заради неа. На мојот канал на Јутјуб, повеќето песни што ги препеав се од Селин Дион. Се топам на оваа фотографија! Толку прекрасна жена и однадвор и одвнатре! Те сакам Селин“, напиша Оливера споделувајќи фотографии од средбата со познатата пејачка во студио во Лас Вегас и додаде: „Дали ќе бидам во иста песна со Селин Дион? Останете тука…“.