Пред повеќе од една година се разделија Дарко Лазиќ и Ана Севиќ, а тој во секој момент треба да стане татко со својата нова свршеница Марина.
Но, полека се отплеткуваат лагите и вистините за нивниот растурен брак. Ана дознала дека Дарко често е дел од оргии со проститутки од листата на елитниот макро Михајло Максимовиќ. Таа еднаш направила вистинска сцена во еден хотел, откако го побарала својот сопруг и го нашла на една сомнителна журка организирана од Максимовиќ, дознава српски „Курир“ од свој избор.
(фото: Соња Спасиќ)
Тој пеел на забавата, имало многу алкохол, а проститутките ги забавувале гостите. Како надомест, добил една проститутка со која заминал по 23 часот. Во меѓувреме Ана направила вистински скандал барајќи го својот сопруг. Неговите пријатели го пронашле сосема пијан и едвај го сместиле во автомобил и го однеле дома.