Водителката Холи Вилогби, останала во шок кога пејачот Метју Гос се соблекол гол во шоуто „Celebritu Juice“, а својата машкост ја сокрил со чорап.
На Холи тоа воедно ѝ било последно водење на емисијата во која што поминала цели 12 години. Прво таа го наговарала пејачот да се соблече за да привлечат внимание во јавноста, на што тој се согласил без размислување, па интимните делови ги сокрил со својата гитара.
Меѓутоа, водителката потоа сугерирала дека можеби не е целосно гол и дека под гитарата има боксерки. Метју ја тргнал гитарата и ја покажал својата машкост која што ја покрил со чорап, на што Холи од шок ги ставила своите раце на устата.
„Не сум видела гол маж толку многу долго време“ – се пошегувала таа.