Докторот на медицински науки и актуелен раководител на амбулантско-поликлиничка дејност на Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски, го осуди насилството врз неговиот колега.
Тој со статус на Фејсбук вели дека Док Холидеј бил во право што стетоскопот го заменил со револвер.
“Попладнево повторно ФИЗИЧКИ нападнат и ПОВРЕДЕН доктор на своето работно место.
Дали покрај маските, везирот, ракавиците, ќе мора да носиме и нунчаки за самоодбрана???
Док Холидеј бил во право што стетоскопот, го заменил со револвер“ – напиша Беќаровски.