Началникот за пластична хирургија во Халберштат, 43-годишниот Андреас Нидербихлер е осуден на девет години затвор поради што придонел за смртта на една жена која се предозирала од кокаинот што бил ставен на половиот орган. Тој исто така треба да им плати оштете на останатите жртви, а ќе биде пратен и на лекување од зависност од кокаин – објави “РТЛ“.
Андреас во текот на сексуалните однос со дури четири жени скришно ставил кокаин на половиот орган, а трисетосмогодишната Ивон М. се предозирала и умрела. Тој повикал Брза помош и се обидел да ја реанимира жртвата, но бил предоцна.
Инаку, во 2016 година, кога Нидербихлер дошол на функцијата началник на клиниката, бил дочекан со воодушевување од персоналот. Меѓутоа, никој не ни претпоставувал што тој работел зад затворени врати.