Доколку не можете да заспиете по 30 минути, немојте да посегнувате по телефонот, тоа никако нема да ви помогне, тврди докторот Миро Фигура.
Понекогаш се случува да не можете да заспиете навечер, без разлика колку сте уморни на крајот од денот. Стрес, анксиозност, болест или болка се само некои од многуте фактори што можат да предизвикаат несоница.
Експертите велат дека секој трет човек ќе има проблеми со спиењето во одреден момент. Имајќи го тоа на ум, доктор Фигура споделил неколку совети како да заспиете, како и што не треба да правите.
Тој советува да не останувате во кревет ако не можете да заспиете и по половина час, а тоа се случува кога вашиот мозок е премногу активиран и ви треба промена на опкружувањето.
Тој предлага и одење во друга просторија, како и вршење некаква активност.
„Одете во друга соба и правете нешто што не е многу напорно и што може да се прави во слабо осветлена просторија, за да го поттикнете лачењето мелатонин во епифизата повторно“, открил доктор Фигура во видео на ТикТок.
Тој предупредува никогаш да не посегнувате по каков било екран во такви моменти.
„Вашиот лаптоп или мобилен телефон емитираат сина светлина, кои ќе го прекинат тој циклус. Ако и понатаму не се чувствувате уморно, испробајте техники за длабоко дишење“, објаснува тој.
Исто така, препорачува земање мелатонин доколку не можете да спиете, секако, со консултација со доктор.