Докторот Даниел Кировски од Валандово замина на граничниот премин меѓу Бугарија и Романија за да им пружа медицинска помош на бегалците од војната во Украина, каде ситуацијата ескалира и принудува се поголем број луѓе да ги напуштаат своите домови.
Националната асоцијација на доброволците собрала над 70 лекари, меѓу нив и валандовчанецот, д-р Кировски, кои доброволно и бесплатно ги прегледуваат и им пружаат медицинска помош на бегалците од кризните региони во Украина кои пристигнуваат во прифатните центри на границата меѓу Бугарија и Романија.
“Од долгото и мачно патување бегалците најчесто имаат проблеми со алергии, респираторни болести и дијареа, но голем број од нив имаат и онколошки како и ревматични болести. Се надеваме дека оваа војна што побрзо ќе заврши, а со неа и бегалските маки, рече д-р Кировски.