Хирургот во британската Национална здравствена служба, Каран Рагарајан објаснил зошто носењето ракавици наместо редовното миење на рацете може да доведе до поголем ризик.
“Носите ракавици, во супермаркет сте, допирате работи – еве ги…микроби”, вели докторот во видеото.
“Во текот на денот со истите ракавици допирате уште повеќе работи. Собирате микроби. На вашите ракавици сега има повеќе микроби отколку што би имало доколку ги миете рацете секој пат”, истакнал Рагарајан додавајќи дека со истите ракавици го допирате воланот, но и нив кога ги менувате.
“Само мијте ги рацете, бидете разумни, останете безбедни”.
Медицинска сестра од Мичиген неодамна стана вирална откако објаснила зошто ракавиците можат да создадат повеќе проблеми за луѓето кои се обидуваат да го избегнат коронавирусот. Моли Ликси снимила видео по посетата на супермаркет, а истото собрало повеќе од милион прегледи на Фејсбук.
A quick little Molly rant about cross contamination and gloves.To use this video in a commercial player or in broadcasts, please email licensing@storyful.com
Posted by Molly Lixey on Monday, March 30, 2020