Шерон Хејс (67) од Ајдахо го тужела својот гинеколог д-р Дејвид Клејпул затоа што користел сопствена сперма наместо донаторска за време на оплодувањето.
Наводно, овој случај предизвикал лавина од други, па уште 16 лица излегле со откритие дека нивното дете споделува ДНК со докторот, пишува Fox News.
Во 1989 година жената била подложена на процесот, а донорот на сперма го избирале сопружниците врз основа на одредени карактеристики како бојата на косата, очите, висината…
– Клејпул му рекол на обвинителот дека материјалот го добил од анонимни донатори како студенти, кои физички личат на сопругот – се наведува во тужбата.
Хејс истакнала дека во текот на процесот на вештачко оплодување се чувствувала непријатно во присуство на докторот, но дека тоа чувство го игнорирала и продолжила со третманите кои траеле шест месеци.
Жената го тужела и докторот Клејпул за „губење на љубовта и емоционалната поддршка меѓу децата, како и за нарушување на односот родител-дете“. Исто така, се наведува дека во периодот од 1986 до 2005 година добил уште девет тужби по истиот основ.
Ќерката на Шерон, Брајана, од детството имала многу здравствени проблеми и постојано се прашувала чија генетика ја наследила, но сепак немала никаква сличност со мајка си.