Докторот Дејвид Агус славата ја стекна лекувајќи го Стив Џобс, кој со помош на неговите совети живеел седум години „повеќе“ иако имал редок и тежок облик на рак на панкреасот.
Тој во едно интервју зборувал за советите кои му ги давал на Џобс.
Како и кога го запознавте Стив?
– Отприлика една година откако му беше дијагностициран ракот на панкреас. Штотуку имаше редицив на оваа болест. Јас се залагам за агресивен и иновативен пристап во лекувањето на ракот. Верувам во модерните начини на лекување и лекувањето во целина. Мислам дека тоа го импресионираше Стив.
Факт е дека Стив беше вегетаријанец. Дали тоа му помогна или го спречи во борбата против оваа болест? Што го советувавте да јаде?
– Беше вегетаријанец, но во текот на лекувањето по мој совет јадеше риба. Секогаш велам дека е подобро да се користат масти. Мастите мора да се јадат, но само оние добрите, незаситените.
По што се разликуваше Стив од другите пациенти?
– Беше неверојатно паметен и ја разбираше медицинската терминологија. Можев да разговарам со него за неговата состојба, а притоа ништо да не морам да поедноставувам или кријам.