723
Мексиканските власти соопштија дека го проучуваат случајот на 32 – годишна лекарка која била хоспитализирана откако била вакциниран против корона.
Неименуваната лекарка била примена на одделот за интензивна нега во јавна болница во северната држава Нуево Леон откако доживеала напади, отежнато дишење и осип на кожата.
Првичната дијагноза е енцефаломиелитис, рече Министерството за здравство во соопштението издадено во петокот вечерта. Енцефаломиелитис е воспаление на мозокот и ‘рбетниот мозок.
Министерството додаде дека лекарката имала историја на алергиски реакции и рече дека нема докази од клиничките испитувања дека некој развил воспаление по приемот на вакцината.