Носењето заштитна маска е задолжително, но треба да се знае разликата помеѓу „било каква маска“ и носење заштитна маска која што е „сигурна и ефикасна“.
Постојат неколку знаци кои што укажуваат дека заштитната маска треба да ја замените или пак да ја исперете. Маската се раширила или пак има видливи дупчиња – тие се ефикасни во одбрана од заразата само доколку се „валидни“.
„Доколку маската има видливи дупчиња или пак некој дел од неа се раширил, таа повеќе не е употреблива и ја губи својата функција на заштита“, вели педијатарот Кара Натерсон.
„Целта на маската е да даде физичка бариера за да се оневозможи влегувањето на вирусот или доколку сте заразени да не може да го пренесете Ковид-19 на другите луѓе“, додала таа и порачала дека дупчињата на маската овозможуваат да продре Ковид-19 во вас.
Доколку сте допреле потенцијално контаминирана површина, како на пример корпа или количка во маркетите, квака на врата, а потоа сте ја допреле заштитната маска тогаш таа е контаминирана.
„Што почесто сте надвор или пак поминувате време во гужви, почесто треба да ја перете заштитната маска или пак едноставно да ја замените со нова“, појаснила Натерсон.
Сте се грижеле за заразена личност
Доколку член од вашето семејство или пак некоја друга ваша блиска личност за која што сте се грижеле, биле заразена со коронавирус, време е да ја исперете вашата маска или пак да ја фрлите и да си купите нова.
Според Центарот за контрола и превенција на болести, платнените маски треба да ги перете на највисока температура, а потоа да ја исушите пред наредно користење.