Докторка открива кои три намирници треба да ги избегнувате доколку сакате да имате помалку брчки.
Според д-р Жанин Бовринг, нема смисла да трошите пари на многу козметички производи доколку и натаму уживате во одредена храна. Таа објаснила зошто храната може да предизвика брчки и некои паметни начини да го избегнете тоа, пренесува „The Sun“.
Првата работа која треба да престанете да ја јадете доколку сакате да изгледате помладо е помфритот.
„Знаеме дека лошите масти во помфритот и она во што се пржи секако дека можат да бидат многу штетни за телото“, објаснила таа.
„Сакаме добри митохондри додека старееме“, објаснила докторката.
Премногу бел шеќер исто така може да направи да изгледате постаро, така што лоша вест е доколку сакате неколку лажички шеќер да си ставите во кафето или чајот. Лош е поради истата причина како помфритот – високо ниво на деутериум ги забавува виталните митохондри поради што интензивно старееме.
И на крај, високото ниво на трансмасти во маргаринот отежнува хранливите материи да влезат во нашето тело и токсините да го напуштат. Но, тоа не е сѐ, според „Health Digest“ маргаринот може да направи вашата кожа да биде почувствителна на ултравиолетово зрачење, што може да предизвика оштетувања на кожата. Трансмастите во маргаринот ја уништуваат хидратацијата, а колку вашата кожа е помалку хидрирана, побрзо се појавуваат брчки.
Откако д-р Бовринг ги споделила советите на Инстаграм некои луѓе не биле сигурни дали да престанат да ја јадат оваа превкусна храна.
„Не можам да не јадам помфрит цел живот. Се прашувам дали има разлика доколку компирот е органски“, коментирал некој корисник, додека друг ја послушал докторката и го споделил своето искуство.
„Ги исфрлив сите овие намирници од исхранaта. Доколку доволно сакаш, можеш да го направиш тоа“.