Докторот Ненад Лазаров на својот Фејсбук профил сподели неколку статуси во врска со директорката на клиниката за кожни болести која е четвртиот заразен од коронавирус во Македонија.
Имено тој во еден од статусите напиша дека неа ја пријавиле колеги кои на истите им се заканила!
„И тоа колеги ја пријавиле, не сама!
Па уште и претела со откази…
Министер, ја смени веќе нели?“, пишува Лазаров.
Тој ја прашува неа и дали во саботата била на дерматовенеролошки симпозиум во еден скопски ресторан?
„Беше ли директорката на дерматовенеролошки симпозиум во Рагуза во Саботата?
За едно 100тина кожни лекари прашувам дали треба да се у карантин?“, напиша Лазаров. Директорката на Универзитетската клиника за дерматологија примариус д-р Нина Цаца Биљановска била две недели на скијање во Италија, во престижниот скијачки центар Алта Бадија каде што се одржуваат натпревари во алпско скијање во Светскиот куп.
Инаку, Директорката на Универзитетската клиника за дерматологија била две недели на скијање во Италија, во престижниот скијачки центар Алта Бадија каде што се одржуваат натпревари во алпско скијање во Светскиот куп.