Доктори од стомакот на девојка извадиле килограм коса (ФОТО)

by Тони Зографски

Бизарен случај е забележан во провинцијата Манаби во Еквадор, откако 24-годишна девојка дошла кај лекарите со болки во стомакот.

Еден од хирурзите кој ја оперирал девојкатад-р Педро Ловато, открива дека купот отстранети влакна од стомакот тежел еден килограм.

„Окупирана беше целата стомачна празнина и можеше да се идентификува однадвор со допир“, објаснил тој.

Додал и дека девојката се жалела на интензивни болки, повраќање, а имала и проблем со јадење течна или цврста храна.

„Станува збор за пациент со психоемоционално пореметување, така што конечната дијагноза е поставена со ендоскопија која ја направи гастроентеролошката служба“, заклучил д-р Ловато.

Image

Бидејќи насобраните влакна стигнале до тенкото црево, девојката не можела да јаде и многу ослабела, па со операцијата биле спречени други сериозни компликации.

Установено е дека таа ја јадела својата коса во последните 5 години.

Image

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com