Тилан Блондо, француски модел, уште од 2007 година ја нарекуваат „најубаво девојче на светот“ и тој епитет не го добила туку-така.
Таа кариерата во моделингот ја започнала на четири години, додека пак првата насловна страница ја красела на шест години.
За Тилан Блондо велат дека навистина има среќа. Меѓутоа, влегувањето во светот на моделингот во најраното детство значело дека убавата Тилан немала вообичаено детство и дека рано морала да научи што значи ред, работа, труд и дисциплина за да заработи пари.
Така нејзината кариера уште на самиот почеток за малку ќе ја уништел случајот со насловната за „Candeaux“ на која како десетгодишно девојче позирала облечена како возрасна девојка, во фустан со деколте и на високи потпетици.
На многумина тоа им било премногу, а нејзините родители ги обвиниле дека од ќерка си направиле „педофилски сон“, особено кога и нејзината мајка изјавила дека била шокирана од фотографиите кога ги видела, но само поради тоа што на десетгодишно девојче му дале да носи ѓердан којшто вреди над милион долари.
Сепак, Тилан успеала да ја надмине таа ситуација и продолжила да ја гради кариерата во тишина. За неа во последните години се пишуваше само поради работните успеси, сè до крајот на 2021 година која открила дека била во ситуација опасна по живот.
Таа прво на своите социјални мрежи објавила фотографија од болница, а потоа признала дека имала неколку операции (циста на јајник).
„Три месеци потоа, стомакот повторно почна да ме боли. Сите мислевме дека е поради операциите. Годинава бев кај три различни гинеколози, бев во над четири радиолошки центри во Париз и сите ми рекоа: Не грижи се, сè е само во твојата глава“.
Тилан завршила во ургентен центар по четири дена, кога повторно ја убедувале дека сè е во ред и дека ќе има контрола за неколку месеци. Меѓутоа, за среќа еден од докторите ја видел огромната циста на јајникот, па како што вели, тој ѝ го спасил животот.
По спорната ситуација, Тилан работела, но помалку, а јавните појавувања можеле да се набројат на прстите од една рака.
Меѓутоа, очигледно дека манекенката конечно е подобро, а папарацо фотографите првпат ја забележале летово на плажа со момчето Бенџамин Атал којшто е диџеј.
Парот не се одвојувал и постојано разменувале нежност.