Италијанската манекенка Бјанка Добриу веќе 56 дена е позитивна на коронавирусот. Таа на 28 февруари била примена во болница во Болоња со симптоми на коронавирусот.
На 6 март и е кажано да остане во домашна изолација. Таа продолжила редовно да се тестира,а четири пати резултатите и покажале дека е сѐ уште е позитивна на коронавирусот, а еден тест бил нејасен.
Шестиот тест кој бил направен минатата недела исто така бил позитивен.
-Пациентот е во ред, но тестовите се позитивно. Внимателно го проучуваме нејзиниот случај. Што е до нас, никој друг во Италија не бил толку време позитивен. Инаку, позитивните резултати не траат повеќе од четири дена, вели експерт за инфекции од Италија, Луциано Атард.
Бјанка за локалните медиуми изјавила дека не е премногу загрижена поради резултатите и се чувствува добро. Се наоѓа во изолација со мајка ѝ која три пати е тестирана и сите резултати се негативни.