91-годишниот Мајкл Ингланд и неговата 88-годишна сопруга Џилијан од Лестер минале три недели во болницата каде биле лекувани за корона вирус.
Според вработените во оваа болница, Мајкл се облекувал секое утро за да може да отиде во собата каде била неговата сопруга. Таа, од друга страна, правела утринска гимнастика секој ден и едвај чекала нејзиниот сопруг да ја посети.
Имено, двајцата се во брак 61 година, па дури и за време на третманот ги почитувале нивните ритуали, па затоа шетале низ болницата заедно држејќи се за раце и пиеле чај.
Медицинските работници, поттикнати од нивната љубов, им дозволиле да имаат оброк заедно и да си помогнат самите со својата љубов во заздравувањето.
Освен тоа, кога ги донелево болница, состојбата на Мајкл била сериозна, па во еден момент на семејството му било кажано дека му останале 48 часа да живее.
-Сè што можев да размислам, е дека сакав да останам со Џилијан. Додека бев во болница, ништо не пропуштив затоа што сè уште можев да ја видам секој ден – рече тој за британските медиуми.
Верувале или не, според лекарите, нивната љубов беше вистинско чудо! Тие беа отпуштени од болницата минатиот петок и беа официјално излечени.