Отец Бобан Митевски од скопската епархија регаираше на интервјуто на докторот Вело Марковски дадено за една национална телевизија.
“Докторе, ако вака и медицина објаснувате, тогаш е јасно за вашата експертиза и за ставовите што ги изнесувавте периодов во јавноста. Дај држете се до компетенцијата, ама мислам дека е јасна тенденцијата, која од поодамна почна: да се ревидира автентичното православно христијанство во Македонија, со создавање на нова религиозност (не религија, зашто па доволно авторитетно е името на Православието), која ќе вклучува богомилство, паганизам, антика со божества, сонциња, кругови и сл. (на античките, зашто демек од нив сме). И ова е официјална политика кај одредени струи во главната ни опозиција, иако нели се претставуваат како многу (православно) религиозни.
Како што кај овие другите пак, кај најголемите ни во позиција, каде што исто имаме декларирани религиозни, кој не успеја статусно соодветно и како што доликува да “избоксуваат” за предметот Етика во религиите, ама па затоа нивните другари, кој ја создаваат новата религија, успеваат насилно и законски да ги наметнуваат своите неолиберални и противчовечки догми преку разните актуелни тенденции од аспект на власт.
Забораваат, не дека не знаат, дека Христос е постојаност, актуелност што никој не може да ја замени, Вистина – Тој преку/во и со Себе не ослободи од секоја заробеност и ни го даде животот вечен“ напиша отец Бобан Митевски на својот Фејсбук профил.