Доколку не се чувствувате добро во вашиот дом, можеби причината за тоа се наоѓа во овие работи кои привлекуваат негативна енергија и лошо влијаат на вашата аура. Доколку го менувате ентериерот во вашиот стан или куќа, прочитајте листа на работи кои дефинитивно би требало да ги избегнувате во широк лак.
Црна влезна врата – За црна врата единствено може да се одлучите доколку влезот строго гледа на север, инаку ни по која цена не ги ставајте! Најдобра боја за влезна врата е светла или весела боја. Секогаш нека ви биде чисто пред вратата и редовно подмачкувајте ја да чкрипи.
Билки со трње – Остри и билки со трње може да бидат магнет за лоша среќа. Затоа, според Фенг шуи не е препорачливо во домот да имате билки со трње. Билки со заболени и срцести листови се вистинскиот избор, а се препорачува и чување на бамбус во домот.
Календар на погрешно место – Календар кој се наоѓа на врата потсетува на тоа дека животот е пролазен и затоа негативно влијае на квалитетот и должината на животот на домашните. Затоа не го чувајте календарот на врата или во близна на било која врата во домот.
Огледало во спалната соба – Огледало во соба за спиење привлекува неповолни влијанија кои ќе се одразат на здравјето, врската или бракот. Затоа е пожелно да не држите огледала во спална соба туку во неа постелнината да ви биде во црвена или розова боја, а ѕидовите во сина или било која светла нијанса освен жолта боја.
Пластично цвеќе, негативни слики, препарирани животни и маски –Маски од племиња, било какво оружје, препарирани животни, слики и фотографии на тага, агресија и насилство, аранжмани од суво и пластично цвеќе и се што потсетува на распаѓање и смрт – најдобро би било да ги извадите од ѕидовите, полиците и да ги изнесете од домот.
Доколку имате впечаток дека лошата среќа упорно ве следи, време е да ја исфрлите онаа слика со олуја или бродолом. Бродолом е симбол на катастрофа, така што сликите со ваков мотив негативно влијае на однесувањето и енергијата.
За просперитет и долговечност поставете слики на бамбус, бор, елен, желка
Симбол за поттикнување на углед и репутација се феникс, перо од паун, петел.
За напредок во кариера, работата, за просперитет и пари:графики со пари, слики на бамбус, шума, змеј, цветни мотиви со орхидеи, слики на јато риби или водопад.
За успех во љубовниот живот, наоѓање на партнер, одржување на хармонија во врската и долготрајност се препорачуваат слики на двојки во прегратка, романтичен аранжман со рози, божури, орхидеи, слики кои содржат пар како на пример пар риви, јаболка, пар гулаби.