Момчето Коста К. кое на 3 мај годинава уби девет свои врсници и чуварот на Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар се уште е на специјално одделение на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади во Белград, каде што е на преглед.
Неговиот татко Владимир К. е во притвор, а на мајка му и е забрането да ја напушти Србија.
Познатиот адвокат Томa Филa за „Телеграф.рс“ зборува за тоа каква судбина го чека момчето осомничено за масакрот.
– На осомниченото момче му се врши вештачење. Ќе биде детално прегледан и доколку лекарскиот тим утврди дека е ментално болен, остатокот од животот ќе го помине во лудница. Од друга страна, ако се утврди дека нема нарушувања, тој си оди дома – тврди Фила.
Познатиот адвокат се осврна и на родителите на Коста.
– Не знам многу факти за неговиот татко за да го предвидам исходот. Се зависи од обвинителството и за што ќе биде обвинет и како тоа ќе се докаже. Што се однесува до мајката, не гледам каков ќе биде резултатот од органот за старателство. Имало ли злоупотреба на деца – вели Фила по повеќе од два месеци од трагедијата.
Момчето кое го изврши масакрот немало 14 години во моментот на злосторството и не е кривично одговорно според српскиот Кривичен законик.