Вирусот се враќа во Европа, па според потребите се прилагодуваат и начините на лекувања, посочи д-р Александар Митов во гостувањето во „Утрински брифинг“.
“Сметам дека треба да прифатиме дека многу работи не знаеме, дека многу работи ќе се сменат, и најголемите светските научници се со став дека треба да се биде претпазлив и да видиме што ќе се случи. Во Европа вирусот многу брзо се враќа, доколку конците се испуштат од контрола. За експертите е карактеристично дека при евентуална промена на доказите, би дошло до евентуално менување на ставот. Тие луѓе носат одлуки исклучиво на научни студии од различни земји. Како се следи однесување така и се прават промените.
Она што за јавноста како порака би го пратил е дека сите медицински препораки и начини за лекување периодично се менуваат. Ние имаме и како обврска да ја следиме таа редовна динамика на менување на лекувањето. Тоа не треба никого премногу да го чуди, вели д-р Митов.