Македонката Симона Зафировска (22 ) е осудена на доживотен затвор без право на помилување до 2035 година за сурово убиство на нејзината мајка Радица Зафировска (56). На првото сослушување Симона тврдела дека крадци ги нападнале ноќта, но, само по неколку дена била уапсена со обвинение за сурово убиство.
Симона Зафировска
Во 2016 година, таа ја убила со 26 удари во главата додека Радица спиела во нивниот дом во Бризбејн. Симона и го скршила черепот и предизвикала внатрешно крварење.
Инаку, Симона е посвоена од страна на Радица пред дваесетина години во Македонија, а потоа ја однела заедно со неа во Австралија, каде живееле заедно сѐ до убиството.
Simona Zafirovska tried to get away with the murder of her own mother, but police didn’t buy her story, and now 9News can #EXCLUSIVELY bring you the police interview tapes that caught a killer.#9News | http://9News.com.au
Posted by 9 News Queensland on Thursday, March 21, 2019