Кинескиот анестезиолог Донг Тијан (29), бил прогласен за мртов во болницата Хубеи една недела пред неговиот 30-ти роденден. Тој починал од мозочен удар, откако се борел со коронавирусот 35 дена без прекин.
Лекарот работел нон-стоп на „првата линија на фронтот“ повеќе од еден месец пред да падне во несвест, при што бил пренесен во болница на 3 март. Тој бил лекуван во единицата за интензивна нега 19 дена пред да почине, се вели во извештаите. Позади себе оствил сопруга и болен татко.
Болницата во која работел д-р Донг, ја потврдила неговата смрт на 21 март.
– Другарот Донг Тијан беше ефикасен и проактивен во својата работа. Тој ги почитуваше претпоставените и беше љубезен кон неговите колеги – се вели во соопштението на болницата.
Инаку, кога го вратиле во сандак во неговиот дом, поворката ја дочекала маса од луѓе кои носеле транспаренти: “Добредојде дома, хероју!”.