Лидерот на СНСД Милорад Додик уште еднаш демонстрираше вулгарност и непримерно однесување кое член на Претседателството на БиХ не треба да си го дозволи, пишува Klix.ba .
Имено, при пристигнувањето и заминувањето во Обвинителството на БиХ, Додик ги „поздрави“ новинарите покажувајќи среден прст.
Засега не се познати деталите од рочиштето на кое беше сослушуван членот на Претседателството на БиХ, но се знае дека се работи за „Павловиќ банка“, односно за купување вила на Дедиње во Белград.