Филмовите „Зелената книга “, „Боемска рапсодија “и „Рома” се добитници на наградите „Златен глобус” на церемонија во Беверли Хилс.
“Зелена книга“ доби три награди – за најдобра комедија или музички филм, за најдобро сценарио на Ник Валенглага, Брајан Кари и Питер Фарел, кој исто така е продуцент, и најдобар актер во споредна улога за Махершала Али.
Боемска рапсодија, посветена на групата Квин, доби две награди – „Златен глобус” за најдобра драма и најдобар актер – Рами Малек.
„Рома” на Алфонсо Куарон исто така има две награди – за најдобар странски филм и за најдобар режисер.Филмот веќе го освои „Златниот лав“ на Фестивалот во Венеција минатата година.
Во останатите номинации, најдобра актерка е Глен Клоуз за остварување во филмот „Жената”, Ричард Меден и Сандра Оу освоија награди за најдобри актери во ТВ-серија, додека Мајкл Даглас и Рејчел Броснахан во комедија или музички.
Најдобра песна е од филмот „ Star is born”. Музиката и текстовите на Лејди Гага, Марк Ронсон, Ентони Росомандо и Ендрју Вахите. Песната ја изведуваат Лејди Гага и Бредли Купер.
Инаку, водители на манифестацијата годинава беа американскиот комичар и актер Енди Семберг и канадската актерка Сандра Оу, која освен што влезе во историјата како првата водителка со азиско потекло, се закити и со својот втор златен глобус за улогата во серијата „Убивајќи ја Ева“.