Веста за неговата смрт беше објавена на помалку бизарен начин, преку објава на неговиот профил на Твитер која самиот тој ја напишал пред да си замине од овој свет.
„Сега кога ја читате оваа моја објава, јас сум веќе заминат на некое подобро место. Веќе две години имам канцер за кој девет од десет грчки лекари немаат слушнато. Мојот доктор правеше чуда за да ме спаси, но не успеа. Никогаш не се прашав зошто баш јас да се разболам. Вакво нешто може да му се случи секому, а може да се каже дека заминав како среќен човек. Бев многупати на подиум претставувајќи ја својата држава. Сите ние сме само патници на земјава, важно е што оставаме зад себе, а не како сме живееле“, напиша Николаидис во објавата за сопствената смрт.
Тој од своите најблиски побарал неговите две олимписки сребрени медали, од ЛОИ 2004 во Атина и 2008 во Пекинг да се продадат на аукција, а парите да се дадат за помош на децата заболени од рак. Тој беше знаменосец на ЛОИ во 2012 година во Лондон.