Водителката Аастасија Деа Богданоска и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски, во јавноста познат и како Бетмен Велит, очекуваат принова во семејството, а убавата вест на социјалните мрежи ја соопшти Анастасија.
“Дениција беше најумното бебе а сега веќе малечко девојче, па затоа желбата и’ е исполнета. Ќе си добие “бато”.
Да бидам искрена на крај од 2020 кога сето ова со пандемијата беше ново, единствено нешто што си посакав беше да сме живи, здрави, на број или побројни.
И додека ја прележувавме короната дознавме дека повторно ќе станеме родители. А Дениција ќе стане голема дада.
Нашето мало девојче – голема дада.
И тоа најумна, најнежна и најгрижлива.
На сето ова, времето со втора бременост и 17 месечно девојченце лета како лудо.
Не знам веќе кој побрзо расте. Јас, Дениција или бебуш“ ,напиша Анастасија на Инстаграм.