Ѓорѓе Балашевиќ минатиот месец имаше инфаркт и мораше да му се вградат стентови во болницата во Сремска Каменици. Во меѓувреме додека “пононскиот морнар“ закрепнува, неговата сопруга Оливера си најде работа, односно издаде роман.
Оливера го објави романот “Планета Двориште“, а веста ја објави на Инстаграм и Фејсбук на кои од неодамна е активна.
-Нова книга на Оливера Балашеви? Не, Нејзина прва книга? Не. Туку: прва книга која имала трпеливост да ја запише – напиша сопругата на Балашевиќ во објавата со фотка од книгата.
Инаку, Оливера никогаше не сакала медијски да се експонира и била посветена на семејството.