Во текот на годинешното обраќање на американскиот претседател Доналд Трамп до нацијата, почесен гостин беше момче кое трпело насилство од врсниците поради своето презиме, Џошуа Трамп. Првата дама на САД, Меланија Трамп, го поканила детето да биде гостин, и од него направила симбол на борбата против злоставувањето.
Но, додека Доналд Трамп 90 минути и се обраќаше на нацијата, малиот Џошуа Трамп не издржа и задрема и стана хит на интернет.
Инаку, Џошуа Алберт Трамп има 11 години и живее во американската сојузна држава Далавер, каде во училиште соучениците го задевале поради презимето.