Многумина му завидуваат на Венсан Касел поради 18 години помладата сопруга. Ако се земе предвид дека пред неа беше во брак со една од најубавите жени, Моника Белучи, а многумина сметаат дека Тина Кунаки ја надминува и неа со убавината, разбирливо е што нивните појавувања во јавност предизвикуваат восхит.
Згодната манекенка како да хипнотизира привлекувајќи внимание каде и да се појави, без разлика дали е закопчана до грло или пак папараците ја фотографирале на плажа. Особено интересно е тоа што таа не е типично слаба девојка, туку и тоа како ја красат облини, а интересно е и што многу брзо ја вратила старата тежина по бременоста.
Иако е познато дека Тина редовно тренира и дека многу се грижи за својот изглед, како што самата открила, токму исхраната е заслужна за нејзината убавина.
Таа се придржува до таканаречената „диета без диета“, односно до еден вид постење. За разлика од постењето, каде што внесувањето храна се ограничува на осум часа, овде има поголема слобода.
Дозволено е да се почестите еднаш неделно со омилената храна, односно да имате ден за мамење. На овој начин, многу брзо ќе видите резултати, а нутриционистите велат дека главната предност на ваквата исхрана е тоа што масните наслаги исчезнуваат, но облините остануваат, што може да се забележи од примерот на Тина.
Кога станува збор за исхраната, Тина Кунаки го започнува денот со лимонада и цедена лимета. Во водата често додава и листови свежо нане, а наместо кафе, наутро пие чај. Манекенката често истакнува дека хидратацијата е главниот фактор кога станува збор за добриот изглед, а одвреме-навреме пие и вода со чиа-семе, кое го подобрува варењето.
Кога станува збор за појадокот, манекенката во 99 отсто од случаите го започнува денот со овесна каша, единствено овошјето е тоа што го менува. Најчесто тоа се боровинки и малини, а користи исклучиво растително млеко.
За ручек јаде или суши или салати со пилешко или риба, а кога ѝ се јаде пица, одбира исклучиво такви со тенка корка и многу зеленчук.
Кога станува збое за вечерата, манекенката бира „light“ варијанти, а тоа е салата, но доколку консумира покалорична храна, во текот на наредниот ден задолжително тренира или пак прави прошетки.