Најпознатата бразилска манекенка Жизел Бундхен со својот сопруг, ѕвездата на американскиот фудбал, Том Бред деновиве од страна на папараците се забележани на една од плажите на Костарика.
Иако цел свет е војна со коронавирусот, заљубениот пар одлучи да “избега“ на една од најубавите светски плажи.
Жизел и Том веднаш биле приметени од папараците. Убавата Бразилка носела темноплави бикини во кои се истакнало нејзиното фантастично тело.
Двојката која е во брак од 2009 година, уживала во романтична прошетка, а во еден момент се бакнале.