Родителите на младите ватерполисти на Партизан и Белград беа во центарот на вниманието на базенот на Бањица. Додека децата во базенот пливале, се бореле за секоја топка, тие се тепале со тупаници на трибините. Во тепачката учествувале и мајките кои се кубеле за коси и летале боксови. Морала да интервенира и полицијата, а имало и повредени.
Интересно е што натпреварот немал никаков резултатски значај бидејќи и Партизан и Белград избориле право за настап во следната рунда од Купот на Србија. Последните две минути, колку што останаа да се одиграат по прекинот, ќе се играат денеска.