Додека даваше изјава за медиумите, галеб изврши нужда врз ракавот на премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.
Додека тој зборуваше за новиот пакет мерки што го подготвува Владата, надлета јато галеби, а еден беше особено прецизен, па Пленковиќ заврши со измет на ракавот.
„Галеб… Гледаш, ова е среќа. Ова е бел галеб“, со кисела насмевка кажа Пленковиќ, бришејќи траги од птичји измет од оделото.