Дописничката на дневниот весник „Диарио де Ксалапа“, Марија Елена Ферал е убиена денеска во мексиканскиот град Папанта.
Марија влегувала во својот автомобил кога двајца непознати мажи на мотор отвориле оган врз неа, а потоа побегнале од местото на настанот, изјави полициски извор.
– И покрај напорите на лекарите да го спасат нејзиниот живот, длабоко жалиме, кога дознавме дека пред неколку минути новинарката Марија Елена Ферал починала, напиша на Твитер гувернерот на државата Веракруз, Куитлауак Гарсија.
Инаку, Мексико е една од најопасните земји во светот за новинарите, со над 100 убиени од 2000 година досега.