Поранешната сопруга на Мики Рурк и супермодел Кери Сутон (53), минатата година обелоденила дека Џералд Мари, инаку европски шеф на „Elite Model Management“, ја силувал кога имала само 17 години во нејзиниот стан во Париз. И, не само тоа…
Дури по 35 години манекенката собрала сила да раскаже сè и да го пријави насилникот.
Имено, Мари (71), покрај тоа што и сам ја злоупотребувал сексуално, подоцна Сутон ја продавал на богати мажи ширум светот.
Кери ја отворила душата и опишала како првиот пат го доживеала силувањето од Џералд, додека лежела во неговиот стан болна, со температура. А, во тој момент неговата вереница Линда Еванџелиста била на патување.
Една од успешните манекенки успеала да му каже „не“ на Џералд, шест месеци по започнувањето на злоставувањето. За возврат, веднаш ја исфрлил од својот стан, пренесува „The Guardian“.
Дури девет поранешни модели, меѓу кои и Кери, сведочеле какви ужаси доживеале во периодот од почеток на 80-те години до почетокот на 90-те години.
Тој им ветувал прекрасна кариера на модните писти, а сето тоа се претворило во понижувања, трауми, со чии последици жените се соочуваат и денес.
Во тој период „Elite Models“ ја започнале кариерата манекенки како што се: Наоми Кемпбел, Клаудија Шифер, Синди Крафорд, Линда Еванџелист…