Холивудската глумица Анџелина Xоли е во центарот на вниманието откако активистите за заштита на животните „Rebels4Causes“ ја нападнале ѝ го блокирале излезот од трговскиот центар, со нивните демонстрации.
Имено, таа отишла на шопинг со својот 16-годишен син Пакс во трговски центар во Западен Холивуд. Носела долг памучен фустан, ефикасни чевли со отворена пета и затворен преден дел, а преку рамената носела црна чанта. Сепак, среде шопинг, активистите ја „нападнале“, кога и го блокирале излезот од трговскиот центар и ги започнале своите демонстрации.
Со многу агресивен став, тие упаднале во продавница за продажба на кашмирска стока и други материјали, а актерката, која понекогаш се залага за правда кога станува збор за заштита на животната средина, се обидела да остане настрана и да не се меша во тоа.
„Јас дури и не знаев дека тие продаваат крзно тука“, им рекла таа на демонстрантите, кои го објавиле тоа на нивната официјална страница на Инстаграм.
Инаку, во последните неколку недели, Џоли била зафатена со подготовки за тужба со која ќе се обиде да се бори за старателство над шесте деца што ги има со нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит.
https://www.instagram.com/p/CGjGfJwJOML/?utm_source=ig_web_button_share_sheet