Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, неодамна беше обвинет за проневера на пари и затајување данок, а казната ќе ја отслужи во наредните две и пол години.
Неговата, и натаму законска жена, Лили Бекер, била „уловена“ на некоја јахта како се фотографира гола, и тоа судејќи по сè со нејзиното ново момче.
Имено, нејзе папарацо фотографите ја „уловиле“ на Ибица со новото момче Торстен Век којшто неодоливо потсетува на Борис, а Лили не криела колку ужива во негово друштво.
Всушност таа во еден момент толку се опуштила што го соблекла горниот дел од бикинито и позирала топлес, иако на јахтата со неа имало и други луѓе, па дури и нејзиниот син.
Инаку, интересно е тоа што Бекер и таа раскинале уште во 2018 година, иако официјално не ги потпишале документите за развод, а таа јавно го поддржала по пресудата.
„Ова се однесува на сите нас. Како што кажавте, имаме големо семејство, вклучувајќи го и семејството во Германија. Сите се држиме заедно, неговата поранешна сопруга, децата, неговата сегашна девојка Лилијан. Тука сум на сите да им покажам дека Борис зад себе има исклучително моќни жени кои нема да зборуваат наместо него, но ќе го штитат“, изјавила на почетокот на емисијата Лили Бекер и веќе со таа изјава изненадила многумина.
Лили Бекер во текот на емисијата открила дека е во добри односи и со моменталната девојка на Борис, политичкиот аналитичар Лилијан де Карваљо Монтеиро, но не толку одамна тие две „војувале“
Додека романсата на Бекер и Лилијан сè уште била на почеток пред две години, Лили Бекер на поранешниот сопруг јасно му дала до знаење дека нивниот син не смее да биде во близина на неговата нова девојка.
Популарниот тенисер го прекршил тоа барање, па Лили директно ѝ се обратила на Лилијан на Инстаграм: Не приближувај му се на мојот син!