Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски синоќа во гостување на ТВ21 рече дека договорот со нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ е истечен.
Министерот вели дека унгарската компанија во моментов веќе врши превоз без субвенции од државата.
„Оваа година заврши тој договор со „Визер“, а тој продолжува да оперира затоа што веќе има воспоставено линии без субвенции од државата“, рече Бочварски.
Инаку, “Визер“ десет години добиваше субвенции од државниот буџет за летови од Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Со последниот договор, кој важеше од 2019 година, компанијата доби пет милиони евра државни пари.